Средба на диркторката на Академијата, проф.д-р Габер Дамјановска со постојаниот претставник на УНДП. Г. Армен Григорјан

DSC_0474 (003)

Директорката на Академијата, проф.д-р Наташа Габер Дамјановска, денес (07/03/2024 година), во просториите на Академијата оствари работна средба со постојаниот претставник на УНДП. Г. Армен Григорјан , раководителката на Одделот за демократско владеење во УНДП г-а. Билјана Цветановска Гугоска и Маја Стојаноска, проектна раководителка.

Академијата и УНДП веќе имаат успешно воспоставена соработка во рамки на која се реализирани низа едукативни активности чии придонес во унапредувањето на правосудниот систем е од големо значење, што претставуваше причина повеќе на оваа средба да се разгледаат можностите и областите во кои Акдемијата и УНДП ќе можат да соработуваат и во иднина.

Директорката на Академијата ја презентираше Академијата, нејзината улога во правосудниот систем, организациската поставеност, начинот на кој професионално делува, целните групи, нејзините достигнувања и предизвици со кои се соочува во моментот.

Проф. д-р Габер Дамјановска исто така ја потенцираше и големата меѓународна соработка која ја има Академијата, поддршката од меѓународните партнери, амбасади, проекти и невладини организации. Секако, ја истакна и соработката со УНДП, а воедно накратко се осврна и на резултатите од досегашната соработка.

Постојаниот претставник на УНДП г. Армен Григорјан изрази задоволство што активностите во рамките на оваа соработка имале позитивен импакт врз унапредувањето на правосудниот сектор и во таа насока ги претстави тековните проектни активности на УНДП во кои како партнер ја гледа Академијата. УНДП ја препознава улогата на АСЈО која ја има во развојот на вештините и знаењата на судиите и јавните обвинители, па оттука, значителен дел од активностите ќе се реализираат како дел од ова партнерство, а со нив ќе бидат опфатени токму целните групи на Академијата.

УНДП во претстојниот период ќе се фокусираат на целите утврдени во Националната развојна стратегија на Репбулика Северна Македонија, еколошката правда, владеење на правото и антикорупцијата.

Иницијалната средба резултираше со взамена поддршка, разгледување на областите и формите во кои ќе се одвива соработката во иднина, преку организација на едукативни настани, развој на курикулуми за обуки и т.н.