Советување на тема „Спорови за оспорување на тестаментално располагање на завештателот (причини за ништовност) /Спорови кои произлегуваат од повреда на нужен наследен дел”

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2024 година,  организира  советување на тема Спорови за оспорување на тестаментално располагање на завештателот (причини за ништовност) /Спорови кои произлегуваат од повреда на нужен наследен дел кое ќе се одржи на  26 март (вторник)  2024 година oд 10:00h, со физичко присуство, во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, Ламела 3.

Советувањето е наменето за судии од граѓански оддели и струцни соработници од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат м-р Амир Абдулаи, судија на Апелационен суд Скопје (во пензија) и г-а Љубица Колиѓ, судија на Основен граѓански суд Скопје.

За дополнителни информации Ве молиме контактирајте го лицето од Академијата задолжено за организација на: е-маил адреса mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-569.

            Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.