Реализирана втора мултидисциплинарна тематска работилница Истрага, гонење и судење за случаи и трговија со луѓе преку пристап насочен кон жртва

IMG-9eb936e8e07360886c148f9597e014e9-V

Академијата за судии и јавни обвинители, Канцеларијата за дрога и криминал на Обединетите Нации (UNDOC), Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција и Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија денес ја започнаа реализацијата на мултидисциплинарната работилница посветена на темата: Истрага, гонење и судење за случаи и трговија со луѓе преку пристап насочен кон жртвата, која се одржува во хотел Гардениа, Велес и ќе се одвива до 25 ноември 2022 година

Работилницата е организирана во рамките на проектот на УНОДЦ „Ставање крај на неказнивоста на трговците со луѓе и поддршка на правдата за жртвите на трговија со луѓе во Југоисточна Европа“ чија цел е да се зајакнат капацитетите на националните органи за спроведување на законот и на практичарите чиј опсег на работа го сочинува идентификувањето, истражувањето, гонењето и судењето на случаите на трговија со луѓе, но и заштитата и помошта на жртвите како и подобрување на прекуграничната соработка со земјите на ЈИЕ за поефикасно спречување и гонење на дејствијата и сторители на оваа појава.

Со поздравни обраќања до присутните се обратија: директорката на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, г-а Магдалена Несторовска, национална координаторка, Национална комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, Северна Македонија; г. Бил Вуден, шеф на Програмската канцеларија на УНОДЦ, регионален советник за сериозен и организиран криминал, Програмска канцеларија на УНОДЦ во Северна Македонија; г-а Рејчел Калинс, политички офицер, Амбасада на САД во Скопје и г-а Суза Трајковска, раководител на Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи.

Работилницата ќе ја модерира г-а Стојне Атанасовска Димишкова, национален програмски офицер, УНОДЦ.

По завршувањето на работилницата на учесниците ќе им бидат доделени и сертификати.