Работна средба на директорот на Академијата, проф.д-р Наташа Габер-Дамјановска со г.Емануел Рембер, советник за култура и директор на Францускиот културен центар во Скопје и г-а Жулие Маравал, атеше за соработка во Амбасадата на Р. Франција (Demo)

На ден 04.09.2019 во просториите на Францускиот културен центар во Скопје, директорот на Академијата за судии и јавни обвинители, проф.д-р Наташа Габер-Дамјановска оствари рабтна средба со г. Емануел Рембер, советник за култура и техничка соработка и директор на Француски културен центар во Скопје и г-а Жулие Маравал, атеше за соработка во Амбасадата на Република Франција во Република Северна Македонија.
Работната средба се реализираше во рамките на успешно воспоставената соработка помеѓу Академијата и Амбасадата на Република Франција и Францускиот културен центар во Скопје. На работната средба беа презентирани резултатите од досегашната соработка, но воедно се разговараше и за идни заеднички проекти со кои на судиите и јавните обвинители и слушателите на програмата за почетна обука ќе им се приближи француската култура и францускиот јазик.
Директорот на Академијата, проф. д-р Габер-Дамјановска ги увери г. Рембер и г-а Маравал дека Академијата како и до сега ќе продолжи да ја негува соработката со Амбасадата на Република Франција и Францускиот културен центар.
Заклучокот од средбата беше дека заедничките проекти се од посебно значење за понатамошниот развој на добрите практики и размена на искуства помеѓу двете пријателски земји во насока на унапредување на правосудниот систем на Република Северна Македонија.