Канцеларијата на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалците е основана во 1950 година, за време на последиците од Втората светска војна, за да им помогне на милиони европејци кои избегале или ги изгубиле своите домови.
Денес, повеќе од 70 години подоцна, УНХЦР сеуште напорно работи, штитејќи ги и помагајќи ги бегалците ширум светот.
Во Северна Македонија УНХЦР го надгледува спроведувањето на Конвенцијата од 1951 година во врска со статусот на бегалците и нејзиниот Протокол од 1967 година во Северна Македонија и мерките што се преземаат за да се стави крај на бездржавјнаството и да се спречи повторно да се појави, во согласност со Конвенцијата од 1954 година за статусот на лица без државјанство и Конвенцијата од 1961 година за намалување на бездржавјанство која ја има потпишано Северна Македонија.
Академијата и УНХЦР имаат постојана тековна соработка.