Амбасада на САД во Северна Македонија

Амбасадата на САД во Северна Македонија е еден од најголемите и најсилните поддржувачи на работата на Академијата, а преку тоа и на целокупниот правосуден систем на Северна Македонија. Во однос на развојот на Академијата, поддршката на Амбасадата на САД е присутна во сите сфери: во реализацијата на програмите за почетна и континурана обука, обезбедување на обуки со присуство на истакнати меѓународни експерти, реализација на студиски посети, јакнење на институционалните капацитети на Академијата, финансиска и техничка поддрша за одржливост и развој на Академијата и т.н. Најчесто оваа соработка се одвива преку низата проекти и соработката со американски организации кои под покровителство на Амбасадата на САД го даваат својот придонес во успешното спроведување на реформскиот процес во правосудството на Северна Македонија.