Комора на извршители на Република Северна Македонија

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев и Комората на извршители на Република Македонија потврдувајќи ја заедничката заложба да дадат свој придонес за зајакнување на капацитетите на судството и извршителите, преку развивање меѓусебна соработка во насока на соодветна примена на законите во областите од интерес на судството и извршителите, во 2014 година потпишаа меморандум за соработка. Притоа соработката се остварува во делот на обуките кои се однесуваат на спроведување на законските надлежности во соодветната област преку одржување заеднички советувања за претседателите на судовите, судиите, јавните обвинители и извршителите, за нивно континуирано стручно усовршување;донација на стручна литература; ангажирање меѓународни предавачи и експерти; овозможување учество при студиски посети и конференции во странство; развивање e-learning модул за обука на судиите, јавните обвинители и извршителите.

За обуките и другите активности во рамки на меѓусебната соработка, предвидена е и размена на предавачи, учесници, искуства и знаења, користење на просторните капацитет.