Комора на медијатори

Академијата за судии и јавни обвинители бележи континуирана соработка со Комората на медијатори на РСМ, особено преку организирање заеднички и мултидисциплинарни обуки, со учество на предавачи и учесници од соодветни профили, а со цел хармонизирање на некои од наставните планови и курсеви кои ги опфаќаат целните групи од правосудството и членовите комората. Во рамки на соработката, се реализираат едукативните настани со кои се промовира медијацијата како алтернативно решение во решавањето на споровите и ќе се влијае на промената на перцепцијата на граѓаните на Северна Македонија за користењето на придобивките од медијацијата, преку обуки, советувања, конференции и промотивни настани чија крајна цел е заживување на медијацијата во нашата земја.

Меѓу другото, Академијата во 2020 година потпиша меморандум за соработка со Институтот за европска политика, Комората на медијатори на РСМ и Холандската федерација на медијатори за реализација на проектот насловен „Медијација, без дилема!“ кој е финансиран од Амбасадата на Кралството на Холандија во Скопје.