Здружение на јавни обвинители во РСМ

Академијата за судии и јавни обвинители и Здружението на јавните обвинители во РСМ бележат континуирана соработка преку организирање на заеднички и мултидисциплинарни обуки со учество на предавачи и учесници од соодветни профили. Понатаму, значајно е да се истакне дека Здружението на јавните обвинители назначува членови од своите редови кои се дел од Комисиите за приемен и за завршен испит во Академијата, на кој начин има директен увид и одлучувачка улога во текот и спроведувањето на испитите во Академијата. Исто така, Извршниот одбор на Здружението на јавните обвинители во РСМ назначува јавен обвинител за член на Управниот одбор на Академијата и негов заменик, согласно законските одредби.