Здружение на новинари и Македонска асоцијација на новинари

Академијата продолжува и ја унапредува и понатаму соработката со Здружението на новинари, како и со Македонската асоцијација на новинари. Особено во контекст на новите трендови во говорот на омраза и мерките за нивна превенција, како и дигитална безбедност, како теми што се особено застапени во модерното време, па така Академијата вложува посебни напори да се организираат и обуки на овие теми, токму во соработка со новинарските здруженија.