ОБУКА на тема: „Граѓанско правна заштита на правата од индустриска сопственост, авторското право и другите сродни права“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители согласно годишниот Каталог за континуирана едукација за судиите и јавните обвинители организира обука на тема: Граѓанско правна заштита на правата од индустриска сопственост, авторско право и другите сродни права, која ќе се одржи на 1 март 2023 година, во просториите на Апелационен суд Скопје, со почеток во 10:00 часот и истата е наменета за судиите од граѓанските оддели од сите апелациони подрачја.

Обуката ќе ја спроведат проф. д-р Јадранка Дабовиќ, Правен Факултет „Јустинијан Први“, Скопје при УКИМ и проф. д-р Валентин Пепељугоски, Правен факултетУниверзитетот ФОН.  За дополнителни информации,  Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е-маил адреса: Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-578.

Агендата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.

Работни материјали

1.Презентација 1

2.Презентација 2

3.Презентација 3

4.Презентација 4