Слободен пристап до информации од јавен карактер

Академија за судии и јавни обвинители

Согласно член 8 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на РСМ бр.101/209) за службено лице кое ќе посредува и ќе укажува помош при остварување на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, директорот на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ го назначува лицето:

М-р Сања ПАНДИЛОВ, државен советник

Службен телефон: 022401577

Мобилен телефон: +38975203897

Електронска пошта: sanja.pandilov@jpacademy.gov.mк

Образец за Барање за пристап до информации од јавен карактер (Превземи)

Образец за Жалба (Превземи)

Согласно член 13 од ЗСПИЈК,барателот на информации од јавен карактер може да подне усно барање за пристап до информации такашто ќе му биде овозможен пристап до информацијата, на начин со кој барателот ќе има доволно време да се запознае со нејзината содржина,за што имателот на информацијата составува службена белешка, освен ако се работи информации од членот 6 став 1 на ЗСПИЈК.

Ако имателот на информацијата позитивно одговори на барањето од ставот (1) на овој член, веднаш, а најдоцна во рок од пет дена од денот на поднесување на барањето овозможува запознавање со содржината на бараната информација на начин што му дава на увид или му обезбедува препис, фотокопија или електронски запис од бараната информација.

Ако имателот на информацијата одговори негативно на барањето, или не може веднаш да одговори на барањето, како и ако барателот има устен или писмен приговор на начинот на запознавањето со информацијата,службеното лице за посредување со информации е должно за барањето да изготви заклучок во која ќе внесе податоци за барателот, датумот на прием на барањето и да го извести барателот за посебното барање, односно за бараната информација. 

Воедно, ги замолуваме сите субјекти од редот на портали, медиуми, новинари кои имаат потреба од добивање информација од Академијата, да го користат Образецот за пристап до информации од јавен карактер достапен во ова Известување. Сите останати начини на комуниникација со цел добивање информации нема да бидат земени во предвид.

Годишен извештај за  информации од јавен карактер за 2023

 

-Информации од јавен карактер 2020 година

-Информации од јавен карактер 2021 година

-Информации од јавен карактер 2022 година

-Информации од јавен карактер 2023 година