ТРКАЛЕЗНА МАСА на тема: „Примена на АКМИС системот (позитивни страни и недостатоци) (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев’’ согласно Каталогот на обуки за 2021 година за доброволна континуирана обука за судски и јавнообвинителски службеници, организира тркалезна маса на тема: Примена на АКМИС системот (позитивни страни и недостатоци)“ која ќе се одржи на 30 септември (четврток) 2021 година на веб платформата на Академијата-насловена како ЛМС/Е-учење, со почеток од 11:00 часот.

Тркалезната маса е наменета за информатичарите и судските службеници од сите апелациони подрачја.

Целта на тркалезната маса е учесниците да ги истканат своите  позитивни страни, проблеми/недостатоци на АКМИС системот, да ги споделат/искажат своите искуства и мислења околу примената на АКМИС системот и да ги дадат своите предлози/решенија кои што понатаму ќе можат да се имплементираат.

Модератор на тркалезната маса ќе биде г-а Сузана Варналиева, судски администратор во Основен суд суд Велес.

За повеќе информации Ве молиме да се обратите на е-маил адресата ivana.milanovik@jpacademy.gov.mk.

Агендата согласно која ќе се одвива тркалезната маса можете да ја преземете тука.