СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Заедничка сопственост на имот стекнат во брак-товарот на докажување за стекнување и придонесот на брачните другари/член 1 од Протокол 1 од ЕКЧП“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев организира онлајн советување на тема: „Заедничка сопственост на имот стекнат во брак-товарот на докажување за стекнување и придонесот на брачните другари/член 1 од Протокол 1 од ЕКЧП“, кое ќе се одржи на 14  октомври 2021 година (четврток) на ЗООМ Платформа, со почеток од 11:00 часот.

 

Советувањето е наменето за судиите од граѓанските оддели од сите апелациони подрачја.

 

Предавачи  на советувањето ќе бидат, г-а Зора Треневска, судија на Апелационен суд Скопје, во пензија и м-р Амир Абдулаи судија на Апелационен суд Скопје, во пензија.

 

За повеќе информации Ве молиме обратете се на е-маил адресата на лицето задолжено за организацијата: Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk или на телефон 02/ 2401-578.

 

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.