Регионална презентација на курсот ХЕЛП на тема „Судско аргументирање и човекови права“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители во рамки на соработката со Совет на Европа и ХЕЛП реализираат регионална презентација на курсот ХЕЛП на тема „Судско аргументирање и човекови права“, кој ќе биде организиран од страна на Генералниот директорат за човекови права и владеење на правото. Курсот ќе се одржи преку онлајн платформа, на 24 февруари 2022 година со почеток во 14:00 часот.

Курсот ќе даде сеопфатен преглед  на квалитетното аргументирање  на судски пресуди и нивното значење во целокупниот процес на праведно судско одлучување во кривичната и граѓанската постапка.

На курсот ќе учествуваат судии и јавни обвинители од сите инстанци и истиот е задолжителен за слушателите на почетната обука од седмата генерација на Академијата.

Курсот ќе се спроведе преку онлајн платформата za состаноци KUDO.

Агендата согласно која ќе се одвива курсот можете да ја преземете на следниот линк:

Агенда- 24.02.2022 година