Предизвици во спроведувањето на посебните истражни мерки – одржано предавање за слушателите од седмата генерација (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ Скопје во соработка со ДЦАФ Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор денес го спроведоа предавањето за слушателите од Академијата на тема Предизвици во спроведувањето на посебните истражни мерки.

Предавањето е четврто во рамките на серијата шест предавања за слушателите од Академијата на тема Европски принципи и стандарди во судската постапка.

 

Директорката на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска го отвори предавањето и посочи дека Академијата ќе продолжи со концептуализација и организирање на едукативни активности за слушателите на актуелни и особено важни теми за правосудството и општеството.

 

Во рамките на двете сесии, темата беше образложена од тројцата излагачи:

  • Сунчана Роксандиќ Видличка, вонреден професор на Правниот факултет во Загреб,
  • Маргарита Цаца Николовска, поранешен судија во ЕСЧП,
  • Петер Гридлинг, виш експерт за разузнавање, Австрија.

Слушателите покажаа особен интерес за темата, преку нивно активно вклучување во дискусиите со свои коментари, мислења и ставови, како и прашања до излагачите.

Серијата предавања за слушателите од Академијата се спроведуваат во рамките на ДЦАФ имплементираната „Програма за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Република Северна Македонија (2021-2026)“.