ОНЛАЈН СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Примена на новиот Закон за управување со движење на предметите (работење на работното тело)“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев организира онлајн советување на тема: „Примена на новиот Закон за управување со движење на предметите (работење на работното тело)“, кое ќе се одржи на 11 ноември 2021 година (четврток) на ZOOM платформата, со почеток од 11:00 часот.

 

Советувањето е наменето за раководителите и членовите на работното тело.

 

Предавач на советувањето ќе биде г-а Сузана Варналиева, судски администратор и раководител на работното тело за управување со движење на предметите во Основниот суд Велес.

 

За повеќе информации Ве молиме да се обратите на на е-маил адресата на лицето задолжено за организацијата: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на телефонскиот број 02 / 2401-572.

 

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

 

Работните материјали кои ќе се користат на советувањето можете да ги преземете тука.