Онлајн советување на тема: „Кривични дела против здравјето на луѓето“ 11 април 2022 година, ZOOM платформа (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители организира онлајн советување на тема: „Кривични дела против здравјето на луѓето“, кое ќе се одржи на 11 април 2022 година преку ZOOM платформа.

Советувањето е наменето за судии од кривични оддели и јавни обвинители од сите апелациони подрачја.

Излагачи на советувањето ќе бидат: г-а Габриела Гајдова, судија во Основен суд Велес и г-а Наташа Гоџоска, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на обуката на следната е маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на телефон број:022401-572

Материјалите кои се дел од советувањето може да ги најдете на следниот линк www.jpacademy.gov.mk

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете на следниот линк:

Агенда-11 април 2022 година-преземи