ОНЛАЈН СОВЕТУВАЊЕ на тема: ,,Извршување на пресуди на Европскиот суд за човекови права“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“  во соработка со Организацијата за безбедност и соработка на Европа – Мисијата на ОБСЕ во Скопје, организираат онлајн советување на тема:,,Извршување на пресуди на Европскиот суд за човекови права“ кое ќе се одржи на 15 и 16 декември 2021 година (среда и четврток), преку ZOOM платформата, со почеток од 11:00 часот.

Обуката е наманета за судии и јавни обвинители од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат м-р Даница Џонова, Владин Агент на Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права и г-н Дарко Павловски, национален правен офицер во Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Обуката ќе се одвива согласно следната Агенда која можете да ја преземете со клик на:

Агенда – Извршување на пресуди на ЕСЧП- мкд јазик

Агенда –  Извршување на пресуди на ЕСЧП- енг јазик

Агенда –  Извршување на пресуди на ЕСЧП- алб јазик

За повеќе информации поврзани со советувањето, Ве молиме да се обратите на лицето задолжено за организацијата: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на телефонскиот број 02/2401-572.