Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Меѓународната финансиска корпорација, групација на Светска банка а во рамки на проектот ,,Проект за решавање на долговите и деловен излез’’ организираат обука поврзана со стечајот, која ќе се одржи онлајн на 15 декември 2021 година (среда) со почеток од 13:00 до 16:00 часот.
На настанот е предвидено учество на судии од трговските оддели кои во своето работење имаат допирни точки со стечајна материја.
Темите кои ќе бидат разработени на обуката се следните: Улогата на органите на управување на друштвата, стечајните управници и стечајните судии во решавањето на финансиските потешкотии согласно предлог Законот за инсолвентност и Рани знаци на предупредување за инсолвентност на друштавата-најдобри практики во различни земји. Предавачи на оваа обука ќе бидат г. Дејан Костовски – експерт ангажиран во Проектот и член на работната група која работеше на изготвување на новиот Закон за инсолвентност, г-ѓа Нина Павлова Мочева и г. Андрес Федерико Мартинез – експерти на Меѓународната Финансиска Корпорација, Групација Светска Банка.
Обуката ќе се одвива согласно Агендата која можете да ја преземете со клик на: Агенда-15 декември 2021 година