Обука на тема: Стекнување, остварување и заштита на правата од индустриска сопственост (патенти,трговски марки, индустриски дизајн и географски назив (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители организра обука на тема: ,,Стекнување, остварување и заштита на правата од индустриска сопственост (патенти,трговски марки, индустриски дизајн и географски назив)”, која ќе се одржи на 2 март 2022 година, а ќе се реализира преку платформа ZOOM.

Обуката е наменета за судии и стручни соработници од Виш управен суд и Управен суд.

Излагачи на обуката ќе бидат: м-р Николче Петковски, началник на сектор за прекршоци при МВР и г-а Далила Јармова Раководител на одделение , Државен завод за индустриска сопственост на РСМ.

 

За повеќе информации поврзани со обуката и начинот на прклучување Ве молиме да се обратите на следната емаил адреса: mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел 02/2401-569.

Агендата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука

 

Презентациjа –  индустриска сопственост 02 03 2022