Академијата за судии и јавни обвинители организира обука на тема „Примена на Законот за бесплатна правна помош и Законот за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство“ која ќе се одржи на 18 ноември 2021 година, а ќе се реализира online на зоом Платформата. Обуката е наменета за судии и стручни соработници од кривични оддели и јавни обвинители од сите апелациони подрачја.
На обуката ќе се даде краток преглед на Законот за бесплатната правна помош, предизвици во негова примена и избор на судска пракса од Европскиот суд за човекови права во однос на бесплатната правна помош. Исто така на обуката ќе се обработи и Законот за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство и релевантна судска пракса.
Излагачи на обуката ќе бидат: судија Васка Николовска Масевска, судија на Основен кривичен суд Скопје и м-р Ана Дангова Хуг, адвокат од Адвокатско друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје.
За повеќе информации поврзани со обуката Ве молиме да се обратите на следната е маил адреса: Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk и тел. 02/2401-578.
Агендата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.
Работни материјали:
4.CASE OF CROISSANT v. GERMANY
6.FINAL-ODOBRENO-ZA-PECAT-Izvestaj-BPP-besplatna-pravna-pomos-11-1
7.GAP-analiza_A4_WEB-compressed
8.Pravna-pomos-vo-uslovi-na-kovid_03_CIP
9.STUDIJA_Pristap-do-Pravda_A4_HQ
11.Извештај-за-можностите-и-перспективите-на-про-боно-правната-помош-во-Република-Македонија-1