Директорот на Акaдемијата, проф.д-р Габер Дамјановска како член на Работната група за програми, лингвистика и методи за судска обука присустуваше на состаноците организирани од ЕЈТН во Солун, Грција (Demo)

Европската мрежа на правосудна обука ЕЈТН организираше два состанока во Солун, Грција  од кои едниот беше наменет за националните контакт точки и истиот се одржа на 13 октомври 2021 година, додека вториот состанок се реализираше во текот на два дена (14 и 15 октомври 2021 година) на кои учествуваше и директорот на Академијата, проф.д-р Наташа Габер Дамјановска.

На состанокот на националните контакт точки на ЕЈТН беа презентирани сите активности кои се однесуваат на програмите, лингвистиката и методите за правосудна обука од страна на Работната група. Потоа следеше и преглед на алатките на ЕЈТН како што се: водичите за работните групи, календарот на активности на ЕЈТН, правилата за THEMIS и водичот за THEMIS наменет за судиите и јавните обвинители, онлајн системот за регистрација на учество на настаните организирани од ЕЈТН (OSP), базата на податоци на методологии и извори, и сите останати можности кои се нудат во рамките на ЕЈТН.

Следниот состанок на Работната група предвидено е да се одржи на 19 Октомври 2022 година во Португалскиот центар за судски студии во Лисабон, по што на 20 и 21 октомври 2022 година ќе се одржи есенската пленарна седница на Работната група во CEJ Лисабон.

На дводневниот состанок на Работната група за програми беше одобрен записникот од пленарниот состанок кој се одржа онлајн на 20-21 мај 2021 година. Исто така се разговараше за дилеми и прашања кои произлегоа од овој записник, а кои не беа споменати во Агендата креирана за овој состанок. Воедно, беа презентирани и забелешките од состанокот на ад-хок групата за обука на судската служба кој се одржа на 28 јуни 2021 година. На овој состанок меѓу другото се разгледуваа пишаните извештаи за управните, граѓанските, кривичните, човековите права и фундаменталните слободи, ТHEMIS, каталогот за активностите на членовите на ЕЈТН и т.н.

Во рамките на состанокот се разговараше и за адаптација на работната програма за 2021 и 2022 година поради Ковид 19 и дигиталната транзиција, предлозите и избор на активностите за 2022 година, како и за низа други теми кои се од посебно значење за унапредување на правосудната обука.