Академијата за судии и јавни обвинители, Судско медиумскиот совет и Хелсиншкиот комитет на Холандија одржаа тркалезна маса на тема: Слобода на изразување и слобода на медуимите (Demo)

Денес (1 ноември 2021 година) Академијата за судии и јавни обвинители во соработка со Судско медиумскиот совет и Хелсиншкиот комитет на Холандија одржаа онлајн тркалезна маса посветена на слободата на изразување и слободата на медиумите.

Имено, реализацијата на овој настан е дел од потпишаниот меморандум за соработка помеѓу Академијата и Судско-медиумскиот совет на Северна Македонија од една страна, и соработката помеѓу Академијата со Хелсиншкиот комитет и Центарот за правосудна обука на Холандија од друга страна.

 

 

 

Модератор на тркалезната маса беше директорот на Академијата проф. д-р Наташа Габер Дамјановска додека на настанот учествуваше и претседателот на Основниот кривичен суд Скопје кој истовремено е и претседател на Судско-медиумскиот совет, г. Иван Џолев. На темата дискутираа судии од основниот кривичен суд и управниот суд, членови на Судско-медумскиот совет, претставници на Јавно обвинителство на Северна Македонија и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кои се задолжени за односи со јавност и  холандските експерти: г-ѓа Lieneke de Klerk, постар судија и офицер за медиуми, г. Machteld Geertsema, јавен обвинител во обвинтелството во Амстердам и офицер за медуми, како и г-а Anne Tahapary претставник од Центарот за правосудна обука и студии на Холандија, г. Joeri Buhrer Tavanier  и г-ѓа  Iris Van Loop, претставници на  Хелсиншкиот комитет на Холандија.

Целта на оваа траклезна маса беше да се разменат искуствата помеѓу двете земји во однос на слободата на изразување и слободата на медумите, со фокус на лицата задолжени за односи со јавност во правосудството. Северна Македонија вложува големи напори во насока на зголемување на траспарнетноста на правосудството, но истовремено и во градењето на професионалноста и етичноста на новинарската професија. Релацијата судство и медумите е исклучително важна за промена на перцепецијата на јавноста за правосудството која во Северна Македонија бележи напредок но сеуште има области во кои треба да се вложува и истите да се унапредат. Присутните дискутираа и за праксата на Европскиот суд за човекови права кога станува збор за случаи кои се однесуваат на слободата на изразување и слободата на медимите која има големо влијание при постапувањето на националните судиите во оваа област.

Учесниците на тркалезната маса се согласија дека меѓународната соработка и размената на искуства претставува одлична можност за презентирање на добри практики и идентификување на позитивни решенија, па оттука, оваа соработка ќе продолжи и во иднина преку реализација на заеднички активности од областа на слободата на изразување и слободата на медумите.