Претставници на Академијата за судии и јавни обвинители на студиска посета на Академијата за европско право (ERA)

IMG-973d5cc4436e9e9414be86c1ae18baaa-V

Академијата за европско право (ERA) го одбележува европскиот ден со организација на студиска посета на која се присутни високи претставници од правосудните институции од Западен Балкан како и од адвокатските комори и здруженија.

На  оваа студиска учествуваат и проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители и  м-р Сања Пандилов, државен советник на Академијата и контакт лице за комуникација со Академијата за европско право (ERA) и Европската мрежа за правосудна обука (EJTN).

Целта е да се разговара за предизвиците со кои се соочуваат институциите надлежни за спроведување на правосудна обука и на кој начин Академијата за европско право ERA може да им помогне на правните практичари во унапредување на нивните вештини.

Уште позначајно е тоа што овој настан претставува единствена можност за правните практичари да разменат искуства со други земји и да ја зајакнат меѓусебната соработка.

Академијата за судии и јавни обвинители за прв пат е вклучена во програмата ERA преку која се нуди можност за испраќање на стручни соработници од судовите и јавните обвинителства на стручно усовршување преку учество на студски посети и конференции.

Имено, на 4 и 5 мај 2023 година се одржа семинар во рамки на проектот за обука на стручни судски и јавно обвинителски соработници и судски извршители, во Букурешт, на тема; Обука на стручни судски и јавно обвинителски соработници и судски извршители во прекуграничните кривични постапки во ЕУ, на кои учествуваа и стручни јавно обвинителски соработници од Република Северна Македонија.