Заменик директорот на Академијата за судии и јавни обвинители, судија Илир Исени, присуствуваше на промоција на научниот труд „Правни аспекти на употребата на јазиците во Република Северна Македонија“ (Demo)

На 31 март 2022 година, по повод одбележувањето на Денот на правосудството на Република Северна Македонија, а во рамки на соработката помеѓу Академијата и Агенцијата за примена на јазикот во Република Северна Македонија, заменик директорот на Академијата, судија Илир Исени, учествуваше на промоцијата на научниот труд на авторите: проф. д-р Илбер Села и м-р Лазо Матовски, која беше во организација на Агенцијата за примена на јазикот на Република Северна Македонија и Правниот факлутет при Универзитетот на Југоисточна Европа.