Втор дел од обуката за обучувачи за слобода на изразување и заштита и безбедност на новинарите (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители како партнерска организација во рамките на ХИ 37 Проектот: Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС 2), којашто е дел од заедничката програма на Европската Унија/Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција II“, имплементирана од страна на Советот на Европа организира онлајн обука којашто е продолжение на Првата обука за обучувачи посветена на слободата на изразување и истата е наменета за правни професионалци коишто се сертифицирани обучувачи од првата фаза на акцијата ЈУФРЕКС и коишто ќе бидат сертифицирани обучувачи на ЈУФРЕКС по завршувањето на ЈУФРЕКС 2.

Целта на овој настан е на едно место да се соберат веќе обучените обучувачи, како и обучувачите коишто допрва треба да се обучат и заедно со меѓународен и локален експерт за слобода на изразување и заштита и безбедност на новинарите  да се обучат со користење на Прирачникот за слобода на изразување и медиуми и ажурираните модули на Прирачникот, како и дополнувањата на постоечките модули.

Настанот е предвиден да се одржи во текот на два дена (17 и 18 декември 2020 година): првиот ден со фокус на слободата на изразување и вториот ден со поспецифичен фокус на заштитата и безбедноста на новинарите.

Агендата согласно која ќе се одвива настанот можете да ја погледнете тука.