СОВЕТУВАЊЕ на тема „Признавање и извршување странски судски одлуки (граѓанска област)“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2021 година организира online советување на тема „Признавање и извршување странски судски одлуки (граѓанска област)“, кое ќе се одржи на 6 октомври (среда) 2021 година, преку Zoom платформата.

Советувањето е наменето за судии од граѓански оддели и стручни соработници од сите апелациони подрачја, претставници на Министерството за правда и Адвокатската комора.

Предавачи на советувањето ќе бидат д-р Нада Симјаноска, раководител на Сектор за меѓународна правна помош, Министерство за правда на РСМ и г-ѓа Анита Бошковска, судија на Апелационен суд Скопје.

 

Програмата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работни материјали:

1.Презентација 1

2. Презентација 2

За дополнителни информации може да се обратите на e-mail адреса Natasa.Bastovanska@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-565.