СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Отповикување на договор за дар и договор за отстапување на имот за време на живот“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев организира онлајн советување на тема: „Отповикување на договор за дар и договор за отстапување на имот за време на живот“, кое ќе се одржи на 9 ноември 2021 година (вторник) на ZOOM Платформа, со почеток од 11:00 часот.

 Советувањето е наменето за судиите од граѓански оддели од сите апелациони подрачја.

Предавачи  на советувањето ќе бидат, д-р Али Алиу, судија на Апелационен суд Гостивар и г-а Марија Кокароска, адвокат.

 За повеќе информации Ве молиме обратете се на е-маил адресата на лицето задолжено за организацијата: Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk или на телефон 02/ 2401-578.

Aгендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работни материјали :

1.Презентација 1

2.Презентација 2