СОВЕТУВАЊЕ на тема „Кривична одговорност на правни лица и извршување санкции над правни лица“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2021 година организира online советување на тема „Кривична одговорност на правни лица и извршување санкции над правни лица“, кое ќе се одржи на 5 ноември (петок) 2021 година, преку Zoom платформата.

 Советувањето е наменето за судии од кривични оддели, јавни обвинители и стручни соработници од сите апелациони подрачја.

 Предавачи на советувањето ќе бидат д-р Тодор Витларов, јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство Штип и г-ѓа Зуица Наумова, судија на Апелационен суд Скопје во пензија.

Програмата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работни материјали:

1.Презентација 1

2.Презентација 2

За дополнителни информации може да се обратите на e-mail адреса Natasa.Bastovanska@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-565.