СОВЕТУВАЊЕ на тема „Kонфискација на имот и одземање предмети, постапувањето со одземен имот по правосилни кривични и прекршочни пресуди“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема Kонфискација на имот и одземање предмети, постапувањето со одземен имот по правосилни кривични и прекршочни пресуди, кое ќе се одржи на 11 февруари 2021 година (четврток), на веб платформата на Академијата за судии и јавни обвинители, со почеток во 11:00 часот.

 

Советувањето е наменето за судии, јавни обвинители и стручни соработници од сите апелациони подрачја, претставници на Агенција за управување со одземен имот, Управа за финансиска полиција и МВР.

 

На советувањето излагања ќе имаат г-ѓа Лидија Трајковска-Зимбовска, судија на Апелационен суд Скопје и м-р Наташа Гоџоска, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје.

 

На советувањето ќе биде опфатена следната тема:

 

  • Институтот „Одземање имот и имотна корист од кривично дело“ низ призмата на националното законодавство и воспоставените меѓународни стандарди

Работни материјали:

  1. Презентација
  2. Презентација
  3. Презентација

Програмата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете на следниот линк.

 

Конкретни насоки за пристапување на линкот преку кој ќе се следи советувањето пријавените учесници ќе добијат на нивната маил адреса.

Доколку наидете на проблем при пристапувањето до платформата Ве молиме обратете се на е-маил адреса: Sadife.Dauti@jpacademy.gov.mk или телефонски на 02/2401-571.