СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Имплементација на Законот за општата управна постапка и Законот за управни спорови“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема: Имплементација на Законот за општата управна постапка и Законот за управни спорови“, што ќе се одржи на 25-26  ноември 2019 година во просториите на Академијата, со почеток во 10:00 часот.

 Советувањето е наменето за вработените во јавната администрација кои одлучуваат во управна постапка како и за судиите и советниците/судските соработници на Вишиот управен суд и Управниот суд.

 

Предавачи на советувањето ќе бидат Проф. д-р Борче Давитковски, Правен факултет „Јустинијан Први“ Скопје, Проф. д-р Ана Павловска Данева, Правен факултет „Јустинијан Први“ Скопје, г-а Каролина Стојановска Богдановска, виш инспектор во Државниот управен инспекторат и г-а Жаклина Костова, генерален секретар во Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работните материјали кои ќе бидат користени во текот на советувањето можете да ги презмете на следниот линк.

Презентација 1                        Презентација 2

Презентација 3                        Презентација 4