Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев во соработка и со финансиска поддршка на ИПА Проектот „Поддршка на реформите во правосудниот систем„ организира советување на тема „Менаџирање со јавните обвинителства“ , кое ќе се одржи на 30 јуни (вторник) 2020 година во хотел „Мериот“- Скопје, почитувајќи ги сите препораки и мерки на Владата на Република Северна Македонија за заштита, спречување и ширење на вирусот КОВИД 19.
Советувањето е наменето за членови на Советот на Јавните обвинители, јавните обвинители (шефови) на јавните обвинителства во Република Северна Македонија, претставници на Министерство за правда на Република Северна Македонија, како и претставници на други релевантни државни институции.
Со воведно обраќање до приустните советувањето ќе го отворат: проф. д-р Наташа Габер-Дамјановска, директор на Академија за судии и јавни обвинители; г. Рајнер Девил, лидер на тимот, ИПА проект ,,Поддршка на реформите во правосудниот сектор’’ и г. Ацо Колевски, претседател на Совет на јавните обвинители на Република Северна Македонија.
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.