Реализирана првата каскадна обука за слобода на изразување на Академијата за судии и јавни обвинители и Проектот на ЕУ и Совет на Европа- ЈУФРЕКС во 2021 година (Demo)

Денес (04 март 2021 година) Академијата за судии и јавни обвинители и Проектот на ЕУ и Совет на Европа ЈУФРЕКС ја реализираа првата каскадна обука за слобода на изразување. Обуката се реализираше онлајн преку ЗООМ платформата.

Со краток говор на првиот ден присутните ги поздрави и директорот на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, која подвлече дека реализацијата на овие обуки е особено важна бидејќи третира важна тема како што е слободата на изразување, дотолку повеќе што во овие рамки се создаваат профили на правни практичари кои во иднина ќе можат да спроведуваат обуки од оваа област на своите колеги, со што ќе се надминат проблемите во секојдневната пракса при постапувањето во овие случаи кои треба да бидат усогласени со праксата на ЕСЧП и Европската конвенција за човекови права.

На теми поврзани со говорот од омраза, националната правна рамка и пристапот на Европскиот суд за човекови права во однос на случаи на говор на омраза во рамки на првиот ден говореа: г-а Лидија Тасева, судија на Врховен суд на Северна Македонија (во пензија), г-а Флутура Кусари, меѓународен експерт од Совет на Европа и г. Лазар Сандев, адвокат кој воедно ја модерираше обуката.

Обуката продоложи и во текот на денешниот ден во чии рамки се разработи темата клевета, пришто како подтеми беа разгледани националната рамка за клевета и заштита на репутацијата на јавните личности, вовед во концептот клевета и меѓународната правна рамка, како и развојот на националната правна рамка во однос на клеветата. Обуката ја спроведоа обучувачите од првиот ден.

Со цел обуката да  биде спроведена поефикасно учесниците беа поделени во групи.

Обуката беше наменета за судии и стручни соработници од сите нивоа и од сите апелациони подрачја кои постапуваат по предмети поврзани со говор на омраза и клевета.