Работен состанок на директорот на Академијата, проф.д-р Наташа Габер Дамјановска со новиот полициски атеше на ICITAP при Амбасада на САД во Скопје , г. Карл Рејшам (Demo)

Денес (12 јули 2021 година) во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, со почеток во 12:30 часот директорот на Академијата, проф.д-р Наташа Габер Дамјановска одржа работен состанок со новиот полициски атеше на ICITAP (International Criminal Investigative Training Assistance Program) при Амбасада на САД во Скопје, г. Карл Рејшам.

Директорот на Академијата, проф. Габер Дамјановска на состанокот ја презентираше Академијата, нејзината работа, како и досегашната обемна меѓународна соработка која Академијата ја остварува со Амбасадата на САД во нашата држава години наназад и секако ICITAP програмата.

На работниот состанок беа разгледани и можностите за реализација на идни заеднички активности.

Проф. д-р Габер Дамјановска го информираше атешето дека меѓународната соработката и поддршка која Академијата ја воспостави има огромно значење за квалитетот и реализацијата на програмите за континуирана и почетна обука, па оттука, Академијата е секогаш подготвена и отворена за соработка и реализација на нови проектни активности кои ќе придонесат за унапредување на вештините и знаењата на судиите и јавните обвинители, како и за ефикасноста на правосудниот систем на Северна Македонија.