Прва средба на новoименуваниот амбасадор на Репбулика Франција во Република Северна Македонија, Н.Е. Сирил Бoмгартнер со директорот на Академијата, проф.д-р Габер Дамјановска

Денес  11.02.2021 година (четврток) со почеток во 11:00 часот во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, директорот на Академијата за судии и јавни обвинители, проф.д-р Наташа Габер Дамјановска, одржа работна средба со новоименуваниот амбасадор на Република Франција во Република Северна Македонија, Н.Е. Сирил Бoмгартнер.

Имено, Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ има воспоставено повеќегодишна успешна соработка со Амбасадата на Република Франција во Република Северна Македонија, со чија помош се реализирани низа активности во насока на поддршка во унапредувањето на правосудниот систем на Република Северна Македонија.

За таа цел, уште во 2011 година беше потпишан и Меморандум за соработката во чии рамки во континуитет и до денес се реализираат настани значајни за правосудниот систем на Република Северна Македонија.

На денешната средба, директорот на Академијата, проф. д-р Габер Дамјановска, го информираше амбасадорот за сите остварени и реализирани настани во рамки на оваа соработка помеѓу Академијата и Правосудната академија ЕНМ од Република Франција, можност за реализрање на стаж на кандидати од ЕНМ, Франција во Република Северна Македонија и можност за студиски престој на судии од редот на програмата за почетна обука од Академијата во Франција, размена на искуства помеѓу судиите и обвинителите по однос на примената на Европската конвецијата за човекови права од страна на националните судови и почитување на судската пракса на Европскиот суд за човекови права.

Директорот на Академијата го информираше амбасадорот за новиот закон за Академија кој е во драфт верзија, пришто нагласи дека во него се инкорпорирани сите препораки содражни во извештајот на ТАИЕКС од 2018 година и во секојдневното работење.

Н.Е. амбасадорот Сирил Бoмгартнер изрази задоволство од досега постигнатото во рамките на оваа соработка. Истакна дека Република Франција и понатаму ќе продолжи да го помага реформскиот процес во правосудството на Република Северна Македонија воедно и работата на Академијата, за која смета дека нејзината улога во јакнење на капацитетите во правосудниот систем и понатаму ќе станува се поголема.

Директорот на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска и Н.Е. амбасадорот Сирил Бoмгартнер во рамките на оваа средба утврдија теми и активности за идна соработка, една од нив е поинтензивно изучување на францускот јазик. Исто така, разменија и искуства во однос на работењето и функционирањето на Правосудна академија на Франција ЕНМ и Академијата за судии и јавни обвинители на РСМ, посебно во новонастанатите и изменети околности кои се резултат на светската пандемија предизвикана од вирусот КОВИД 19.