ОНЛАЈН СОВЕТУВАЊЕ на тема: ,,Криминал од омраза’’ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“  во соработка со Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) преку Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР), организираат онлајн советување на тема: „Криминал од омраза“ кое ќе се одржи на 01 декември 2021 година (среда), преку ZOOM платформата, со почеток од 12:00 часот до 16:00 часот.

Обуката е наманета за 10 судии и 10 јавни обвинители од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Спасенка Андонова и   г-н Александар Марковски, јавни обвинители во Основното јавно обвинителство Скопје.

Програмата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

За повеќе информации поврзани со советувањето, Ве молиме да се обратите на лицето задолжено за организацијата: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на телефонскиот број 02/2401-572.