Онлајн советување на тема: “Извршување врз подвижни предмети и права спрема РСМ и нејзините органи, единиците на локалната самоуправа и јавните претпријатија”

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2022 година организира онлајн советување на тема: Извршување врз подвижни предмети и права спрема РСМ и нејзините органи, единиците на локалната самоуправа и јавните претпријатија, кое е предвидено да се одржи на 25 февруари (петок) 2022 година, преку ЗООМ Платформата. Советувањето е наменето за судии од граѓански оддели и стручни соработници од сите апелациониподрачја.

 

Предавачи на советувањето ќе бидат,  проф. д-р Јетон Шасивари, редовен  професор на  Правниот факултет при Универзитет на Југоисточна Европа – Тетово и проф. д-р Зоран Шапуриќ, редовен професор на Универзитетот Американ Колеџ – Скопје.

 

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академија задолжено за организација на следната е-маил адреса Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-578.

Агенадата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја презмете на следниот линк:

Агенда – 25.02.2022 година

 

Работните материјали кои ќе се користат на советувањето можете да ги преземете на следниот линк:

Работен материјал – проф. д-р Јетон Шасивари-Правен факултет при УЈИЕ..

Работен материјал – проф. д-р Зоран Шапуриќ – Универзитет Американ Колеџ