ОНЛАЈН ОБУКА на тема: „Значењето на медијацијата за забрзувањето на постапката и напредокот на земјата во Поглавјето 23 – Односот со судските постапки и практиката и унапредување на медијацијата“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка и со финансиска поддршка на Германската фондација за меѓународна правна соработка (IRZ) организира онлајн обука на тема: „Значењето на медијацијата за забрзувањето на постапката и напредокот на земјата во Поглавјето 23 – Односот со судските постапки и практиката и унапредување на медијацијата“, која ќе се одржи на 14 aприл 2021 година, преку ZOOM платформата со симултан превод од македонски на германски јазик и обратно.

На обуката свои излагања во својство на предавачи ќе имаат,  г-а Маргарита Стефкова Николова, медијатор и г-ѓа Ингрид Хенлингер адвокат, леценциран медијатор

 

Обуката е наменета за судии од сите апелациони подрачја и медијатори.

 

За повеќе информации во врска со обуката Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на обука на е-маил адресата: mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-569.

Агендата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземетe тука.

Работните материјали кои ќе се користат на обуката можете да ги преземете тука.