Воведен онлајн настан за курсот Правда приспособена на потребите на децата и правата на децата (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители во соработка со Програмата ХЕЛП на Советот на Европа организираат воведен онлајн курс посветен на темата: Правда приспособена на потребите на децата и права на децата кој ќе се одржи на 18 февруари 2021 година преку онлајн платформата на ХЕЛП, со почеток во 10:00 часот.

Овој настан се реализира како дел од планираните активности помеѓу Академијата и Прогрмата на ХЕЛП на СоЕ. Во рамките на оваа тема ќе бидат разработени 9 модули кои ќе опфатат одделни сегменти во однос на правата на децата, од аспект на националната и меѓународната легислатива, а воедно ќе биде презентирана и судската пракса на ЕСЧП.

 

Целна група се слушателите од почетната обука на Академијата од седма генерација.

Курсот ги содржи следните модули:

-Вовед: човекови права, права на децата, принципи и концепти

-Child-friendly justice: пред, за и после судски постапки, посебни ситуации на кои треба да се обрне внимание

-Вонсудски постапки: дефиниции и причини зошто треба да се охрабруваат вонсудски постапки, видови и нивоа на постапки, гаранции и услови, правна помош

-Основни елементи: приватност, мерки за безбедност и заштита и т.н.

-Интеракација со деца во судскиот систем- главни предизвици

-Интердисциплинарност

-Лишување од слобода

-Насилство врз децата

-Миграција и азил

Агендата согласно која ќе се одвива курсот можете да ја преземете Тука.