Учество на заменикот на директорот на Академијата на Конференција на Судската мрежа за размена за Централна и Источна Европа, на тема: “Градењето јавна доверба и довербата во судството: Стратегии за зајакнување на судската независност“ во организација на CEELI Institute. (Demo)

Во организација на CEELI Institute со седиште во Прага, Република Чешка, на ден 6 и 7 мај 2022 година, беше одржана Конференција на Судската мрежа за размена за Централна и Источна Европа, на тема: “Градењето јавна доверба и довербата во судството: Стратегии за зајакнување на судската независност“, на која учествуваше и судија Илир Исени, заменик директор на Академијата за судии и јавни обвинители на Република Северна Македонија.

 

 

Заменик директорот на Академијата, судија Илир Исени, активно учествуваше во конференцијата, при што ја истакна круцијалната улога на Академијата во правосудниот систем на Северна Македонија и тоа од нејзиното формирање во текот на 2006 година до денес. Ваквата улога произлегува од фактот што Академијата е единствената влезна врата во судството и обвинителството, односно во основните судови и основните јавни обвинителства во државата. Исто така, ги истакна клучните дејности на Академијата, како што е почетната обука, преку која се врши селекција на кандидатите за идни судии и јавни обвинители. При тоа ги запозна присутните дека селекцијата на кандидатите се врши во неколку фази, со проверување на знаењето и подготвеноста на кандидатите преку практично познавање на еден странски јазик, психолошко тестирање, практичен дел (писмен) и устен дел. Во тој контекст додаде дека од особено значење е усното тестирање, преку кое се проверуваат знаењата на кандидатот, способноста за изразување, елоквенцијата и разбирањето на значењето на функцијата судија или јавен обвинител.На крај беше истакнато и тоа дека со вреднувањето на работата на судиите и јавните обвинители, во голема мера се вреднува и работата на Академијата, во делот на квалитетот на обуките, посебно на почетната обука за слушателите на Академијата.

 

 

Заменик директорот на Академијата во неформалниот дел на конференцијата разговараше со останатите учесници при што беа разменети идеи и мислења околу остварување на идни инситуционални контакти со цел реализирање на конкретни проекти кои што би биле од корист за работата и функционирањето на Академијата воопшто