СВЕЧЕНА ЦЕРЕМОНИЈА по повод одбележување на приемот на осмата генерација во почетната обука на Академијата за судии и јавни обвинители на Северна Македонија (Demo)

На 11 мај  (среда) 2022 година во свечната сала на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Академијата за судии и јавни обвинители ќе организира свечена церемонија по повод одбележување на приемот на осмата генерација во почетната обука на Академијата.

На настанот ќе присуствуваат високи претставници на правосудните институции во земјата, Владата на Република Сверна Македонија, Дипломатскиот кор во Република Северна Македонија, високи претставници на релевантни домашни и странски институции.

Присутните ќе ги поздрават: проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, директорка на Академијата за судии и јавни обвинители, проф. д-р Никола Тупанчевски, министер за правда на Република Северна Македонија, г-ѓа Беса Адеми, претседателка на Врховниот суд на Република Северна Македонија, г. Љубомир Јовески, јавен обвинител на Република Северна Македонија, г. Антонио Јолевски, претседател на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија и  м-р Селим Адеми заменик претседател на Судскиот совет на Република Северна Македонија.