СВЕЧЕН НАСТАН (Demo)

По повод одбележувањето на 15 години од постоењето на Академијата за судии и јавни обвинители, Академијата организира свечен настан, кој ќе се одржи во хотел „DoubleTree by Hilton“, Скопје со почеток во 18:00 часот.

Согласно протоколите и мерките за превенција од Ковид 19 во затворен простор, жалиме што не сме во можност да Ве поканиме сите Вас кои бевте дел од Академијата и кои го дадовте својот придонес во изминатите 15 години во нејзиниот развој и унапредување.

Вашето присуство за нас е значајно затоа ни претставува чест и задоволство да Ве поканиме да се приклучите онлјан и да го проследите свечениот настан на следниот линк: СВЕЧЕН НАСТАН

Напомена: Линкот ќе биде активен на 1 декември 2021 година, во 18:00 часот, кога е и официјалниот почеток на свечениот настан.

На свечениот настан ќе се обратат високи претставници на Владата на Република Северна Македонија, високи претставници на правосудството и дипломатскиот кор во земјата.

Агендата за настанот е приложени на три јазика. Со клик на: македонски јазик, англиски јазик или албански јазик истата можете да ја преземете.

Со почит,

Академија за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“