СОВЕТУВАЊЕ на тема „Улогата на жените и важноста од имплементација на Резолуцијата 1325 на ОН“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2021 година организира online советување на тема „Улогата на жените и важноста од имплементација на Резолуцијата 1325 на ОН“, кое ќе се одржи на 7 декември (вторник) 2021 година, преку платформата Zoom.

Советувањето е наменето за судии, јавни обвинители и стручни соработници од сите апелациони подрачја, претставници на МТСП, МВР, МП, МО, МЗ, МНР и ЦУК.

Предавачи на советувањето ќе бидат проф. д-р Жанета Попоска, офицерка за владеење на правото, Мисија на ОБСЕ во Скопје и г-ѓа Афродита Муслиу, Извршна директорка на НЕКСУС Граѓански концепт.

Програмата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работните материјали кои ќе се користат на советувањето можете да ги преземете на следните линкови

За дополнителни информации може да се обратите на e-mail адреса Natasa.Bastovanska@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-565.