СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Примена на Законот за судска служба“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира онлајн советување на тема: „Примена на Законот за судска служба“, кое ќе се одржи на 22 јуни 2020 година (вторник) на веб платформата на Академијата-насловена како ЛМС/Е-учење, со почеток од 11:00 часот.

                Советувањето е наменето за судски администратори и стручни соработници од сите апелациони подрачја.         

                Предавачи на советувањето ќе бидат г-н Борче Мирчески, судски администратор во Основен суд Охрид и г-а Лидија Таневска Јадровска, самостоен судски советник во Врховниот суд на Република Северна Македонија.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

За повеќе информации поврзани со советувањето, Ве молиме да се обратите на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на телефонскиот број 02/2401-572.