СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Побивање должникови правни дејствија“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев организира онлајн советување на тема: Побивање должникови правни дејствија“, кое ќе се одржи на 11 јуни  2021 година (четврток) на веб платформата на Академијата-насловена како ЛМС/Е-учење, со почеток од 09:30  часот.

Советувањето е наменето за судиите од граѓанските оддели од сите апелациони подрачја.

Предавачи  на советувањето ќе бидат м-р  Катерина Георгиевска, судија на Апелационен суд Скопје   и  г-а Антоанета Димовска, судија на Основен грѓански суд Скопје.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работните материјали кои ќе се користат на советувањето можете да ги преземете тука.

Материјали 11.06.`21 Материјали Катерина Георгиевска

Материјали 11.06.`21 Материјали Антоанета Димовска

 

За повеќе детали поврзани со советувањето Ве молиме обратите се на следната е маил адреса: Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk или на телефон 02/ 2401-578.