СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Одредбите од кривичниот законик за неказнување на жртви на трговија со луѓе и трговија со деца (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев организира дводневно советување на тема: „Одредбите од кривичниот законик за неказнување на жртви на трговија со луѓе и трговија со деца“ кое ќе се одржи на  27 и 28 ноември 2019 година (среда и четврток), во Хотел „Гарденија“ – Велес.

Советувањето се организира за судии кои работат на кривична материја, прекршоци и судии од второстепените судови како и за јавни обвинители од Основните и Вишите обвинителства од сите апелациони подрачја.

Во рамките на советувањето свои излагања ќе имаат академик Владо Камбовски, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, д-р Гордана Лажетиќ, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, г-а Гордана Смаќоска, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и г-а Маја Конеска, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на Советувањето се следните:

  • Значење и опсег на примена на начелото на неказнување на жртви на трговијата со луѓе/деца во Кривичниот законик
  • Улогата и постапувањето на Националната единица (Таск форс) за борба против трговијата со луѓе и кријумчарење мигранти по овие дела
  • Општи основи за исклучување на противправноста на делата на жртвата Посебна лична основа за неказнивост на жртвата
  • „Принудена да стори кривично дело“
  • „Кривично дело или друго казниво дело непосредно поврзано со нејзината положба на жртва“
  • Меѓународни стандарди и компаративни искуства
  • Мултидисциплинарна соработка и координација на сите надлежни органи и граѓанскиот сектор во борбата против трговијата со луѓе/деца
  • Идентификација на жртвата како предуслов за нејзина заштита и откривање и гонење на сторителите
  • Постапување на јавен обвинител во случај на трговија со дете (пример од практика)

Агендата согласно која ќе се одвива Советувањето можете да ја преземете тука