СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Архивирање на предмети“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев организира онлајн советување на тема: „Архивирање на предмети“, кое ќе се одржи на 6 јули  2021 година (вторник) на веб платформата на Академијата-насловена како ЛМС/Е-учење, со почеток од 11:00 часот.

            Советувањето е наменето за  судски службеници кои работат на архивирање на предмети од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Сузана Варналиева, судски администратор во Основен суд Велес и г-н Цветанчо Тодоровски, соработник во одделението за заштита, евиденција и стручен надзор во Државен архив на РСМ-подрачно одделение Велес.

            Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

За повеќе информации поврзани со советувањето, Ве молиме да се обратите на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на телефонскиот број 02/2401-572.