Работен состанок на директорката на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска со директорот на Францускиот институт во Скопје, Иго Бештел (Demo)

Денес (05 април 2022 година) во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, директорката на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска оствари работен состанок со советникот за култура и техничка соработка при Амбасадата на Франција во Северна Македонија и директор на Францускиот институт во Скопје, Иго Бештел.

На работниот состанок се разговараше за соработката помеѓу Академијата и Францускиот институт во Скопје во насока на продоложување на развивање на франкофонијата во правосудството преку реализација на часови по франциски јазик, кои освен за постоечките судии и јавни обвинители кои се дел од групите во напредно ниво, ќе се реализират и часови на почетно ниво за слушателите од почетната обука на Академијата, посебно, за новите слушатели од осмата генерација кои треба да ја започнат почетната обука во Академијата.

Директорката на Академијата потенцираше дека ќе се залага за поширока промоција на отворените можности кои произлегуваат од оваа соработка како и за бенфитиот од познавањето и изучувањето на францускиот јазик, како еден од трите светски признаени јазици во светот, кои ќе имаат силно влијание врз унапредувањето на професионалниот развој на судиите и јавните обвинители во Северна Македонија.  Исто така, директорката, проф. д-р Габер Дамјановска зборуваше и за успешната соработка помеѓу Академијата и Амбасадата на Франција во Северна Македонија, во чии рамки се реализирани низа едукативни настани кои имаа значителен придонес во развивањето на вештините на судиите и јавните обвинители во однос на европската легислатива и праксата на ЕСЧП.