Предавање за борба против штетните влијанија врз животната средина 6-7 јули, 2022 година

На 6 и 7 јули 2022 година, како дел од успешната соработка помеѓу Академијата за судии и јавни обвинители и Државната правосудна академија на Република Франција (ЕНМ) ќе се одржи онлајн предавање на тема: „Борба против штетните влијанија врз животната средина“.

Предавањата ќе ги одржи г-а Сара Руј  (Sarah Rouy), судија, проект менаџер за правни студии за животна средина, полициска управа, француска канцеларија за биодиверзитет. Координатор на сесијата ќе биде г-ѓа Флоренс Жилбер (Florence Gilbert), судија и проект менаџер во меѓународниот оддел на ЕНМ.

Предавањата се наменети за слушателите во почетната обука на Академијата од седмата генерација.

На предвањата ќе бидат понудени одговори на прашањата за заштитата на животната средина и нивните ефекти во областа на правото. Ќе се разгледува правото за животната средина на национално ниво и пошироко, а ќе биде презентирана и судска пракса во врска со ефективноста на правото за животна средина. Во рамките на предавањето ќе бидат презентирани и штетните влијанија врз животната средина и поврзаните прекршоци, еколошкиот криминал на меѓународно ниво и  меѓународната судска соработка.

Агендата согласно која ќе се одвива предвањето можете да ја преземете на следните линкови:

  • Агенда на македонски јазик
  • Агенда на англиски јазик
  • Агенда на француски јазик

Leave a comment

You must be logged in to post a comment.